Најдобриот совет од Стивен Хокинг за оние кои се во депресија: По овие зборови, на животот и проблемите ќе гледате со други очи

Добивај вести на Viber

Советот на Стивен Хокинг за депресијата и надминувањето на тешките моменти целосно ќе ви го промени погледот на животот...

Стивен Хокинг не бил само еден од најголемите физичари на нашето време, туку и автор на многу инспиративни зборови кои ги упати до сите нас. Беше човек со нескротлив дух, кој и покрај тешката болест што го снајде, ја задржа борбеноста и вербата во животот.

Држеше мотивациони говори, а освен мудрите совети, зад себе ги остави и предвидувањата за четирите најтрагични патеки на човековиот развој, по што многумина почнаа да размислуваат.

Стивен Хокинг еднаш зборуваше за депресијата на Кралскиот институт во Лондон. На годишниот собир на предавачи, научникот направи поетска паралела помеѓу депресијата и црните дупки.

„Пораката од оваа лекција е дека црните дупки не се толку црни како што изгледаат. Тие не се вечни затвори, како што некогаш мислевме“ - кажа тој.

„Разни нешта можат да излезат и од црните дупки, можеби дури и да поминат низ нив во друг универзум. Затоа, ако се чувствувате како да сте во црна дупка - не се откажувајте. Секогаш има излез“ - додаде тој.

Со оглед на тоа колку потешкотии мораше да надмине овој човек, и колку беше храбар и прекрасен неговиот живот, би требало да слушнете што овој човек кажал.

Во 1963 година, кога имал само 21 година, му била дијагностицирана ретка неизлечива болест - амиотрофична латерална склероза (АЛС). Лекарите претпоставувале деа тој нема да живее повеќе од две години по дијагнозата. Тие две години продолжија на следните 55!

Професорот Хокинг кажа дека научил да го цени она што го има.

„Иако бев и несреќен поради мојата болест, имав среќа во сè друго. Имав голема среќа што имав можност да работам на полето на теоретска физика во време на големи откритија, а ова е една од ретките области на човечката активност во која мојот инвалидитет не пречеше“.

„Исто така, важно е да се ослободите од гневот, без разлика колку животот ви изгледа тежок. Ако не можете да се смеете на себе и животот, тогаш ја губите секоја надеж“ - заклучи Хокинг.

„Многу е важно секогаш да одржувате позитивен поглед на светот, без разлика колку ви изгледа комплициран и непријатен животот, бидејќи ако навреме не научите да се смеете на себе и животните околности, на крајот може да завршите целосно без надеж“ - велеше големиот Стивен.

фото: Youtube - screenshoot- Gym4u