Најдобро облечените жени во 2018: Меган Маркл не е на врвот!

Добивај вести на Viber

Крајот на годината секогаш е време за сумирање на резултатите и анализирање на изминатиот период. Така е во сите сфери, па и во модата. Модните магазини периодов составуваа листи на најдобро облечените жени во 2018 година, особено оние кои совршено ја разбираат глобалната улога на своите појавувања на црвените килими, но и на сите останати настани и случувања.

Трејси Елис Рос  

На прво место на листата убедливо е Трејси Елис Рос која можеби чувството за мода го наследила од нејзината мајка, музичката икона Дајана Рос. Без сомнение таа оваа година блескаше во бројни пригоди, а носеше гламурозни тоалети и елегантни костуми.

Лејди Гага

На листата за најдобро облечени жени се најде и Лејди Гага, пејачката која периодов  ја потври својата популарност со филмот „Ѕвездата е родена“. Гага со својот уникатен стил годинава неколку пати покажа дека одлично ја носи и уличната мода, но и добрите дизајнерски парчиња.

Меган Маркл  

Листата на најубаво облечени жени не би била потполна доколку на неа не се најде и поранешната американска актерка и сопруга на британскиот принц Хари - Меган Маркл. Маркл дефинитивно е најелегантно облечената жена на оваа листа на која ниту најдобрите познавачи на модата не може да ѝ најдат замерка.

Ријана

Невозможно е да се замисли листата за најдобро облечени жени без Ријана. Таа години наназад воодушевува со својот стил без разлика дали се работи за нејзините „кежуал“ изданија каде изгледа совршено или на црвените килими во тоалети кои перфектно ѝ прилегаат.

Викторија Бекам

По огромниот успех на нејзината модна линија која оваа година беше прикажана на Лондонската Модна недела, Викторија Бекам имаше неколку јавини појавувања кои не останаа незабележани. Викторија е сигурно дама која ретко греши во модниот избор и која каде и да се појави е во совршено издание. Таа е кралица на минимализмот и класичната естетика кои кај неа секогаш функционитраат.

Бела Хадид

Како претставничка на новата генерација модели, Бела Хадид е водечко име на денешната модна сцена. Оваа година таа воодушевуваше во огромен спектар на модни комбинации од коктел тоалети, до машки костуми, провокативни комбинезони и во секоја комбинација изгледаше ефектно.

Шарлиз Терон

Зедно со Никол Кидман и Кејт Бланшет, таа е кралица на црвениот килим. Оваа безвременска модна икона веќе со години успешно го создава својот имиџ на поинаков и иновативен начин. Нејзиниот стил со текот на годините стана поопуштен, но повторно ефектен и совршен и сигурно уште долго ќе се наоѓа на листите за најдобро облечени жени.

Џенифер Лопез

Погрешно би било доколку на оваа листа нe се најде и Џеј Ло. Латино ѕвездата веќе со години успешно го продава скапиот сексапил и истовремено е една од ретките на која тоа ѝ оди од рака. На секое нејзино појавување секогаш му се посветува посебно внимание, а на секој црвен килим носи интересна, различна и посебна драматична деминзија на стилските парчиња.

Блејк Лајвли

Од првиот ден се наметна како модна икона, а во тоа се разбира имаше големо влијание и серијата со која се прослави. Блејк сме навикнати да ја гледаме во исклучително женствени и лелеави изданија кои секогаш биле ефективни. Но, актерката годинава направи и неколку храбри промени на својот стил, па се појави и во неколку поразлични комбинации како машки костуми во кои не сме навикнати да ја гледаме.