Најголемиот хрватски авантурист на Викенд: Како станав првиот хрватски и 26-тиот човек во светот кој го освои Јужниот Пол

Добивај вести на Viber

Давор Ростухар ќе зборува како го постигнал својот најголем сон, Дејан Верчич ќе ни открие зашто сликите ги заменуваат зборовите, а магичните реченици за продавање на продуктите ќе ни ги сподели Петер Сонто

Преживување во пустината каде што не живее ниту едно живо суштество и притоа да пешачите околу 1200 километри за 48 дена, влечејќи санка која тежи повеќе од 100 килограми, во ова успеа само еден Хрват - Давор Ростухар. Како успеа да го постигне својот најголем сон ќе ни раскаже на 11-тиот Викенд Медиа Фестивал, овој Септември во Ровињ, најголемиот авантурист во оваа област и членот на првата Хрватска независна експедиција на Јужниот Пол.

“Зошто во моментот сме во пост-литературна ера во која читањето стана реткост како во средниот век”, на 11. Викенд ќе ни открие Дејан Верчич (Dejan Verčič), професор и раководител на Одделот за комуникации при Универзитетот во Љубљана. Верчич ќе зборува завраќањето на фокусот од зборови на слики кои ја обликуваат денешната комуникација. Познати се неговите комуникациските трендови кој редовно ги дискутира од 1994 година, кога започнал да го организира BledCom, годишен меѓународен симпозиум за истражување на односите со јавноста.


„Лажни вести, пост-факти и пост-вистина кои го следат пост-читањето стимулираат граѓански и потрошувачки промискуитет  - доаѓаат нови турбулентни дваесетти и луди години, во кои конечно ќе ја напуштиме галаксијата на Гутенберг и ќе започнеме со прекрасен нов свет на живописни слики“, велиДејан Верчич.

Дејан е словенечки практикант и стратешки комуникатор кој докторирал на Лондонската школа за економија и политички науки (LSE). До сега напишал над 10 книги и 300 научни статии. Партнер е и директор за развој во компанијата Стратком. Награден е во 2001 година од страна на Алан Кемпбел-Џонсон од Велика Британија за исклучителен придонес во меѓународните односи со јавноста, а во 2016 година во Њујорк ја добива највисоката награда на Американскиот Институт за односи со јавноста за практичната употребливост на научните истражувања - Pathfider Award.

Од Унгарија во Ровињ доаѓа основачот на SpringTab.com и спортист од Универзитетот во Јужна Калифорнија, Петер Санто (Péter Szántó), кој ќе даде свој осврт за магичната формула која треба да им помогне на учесниците успешно да го продадат својот продукт (pitch). На неговата работилница, учесниците ќе можат да ги претстават своите продукти пред Петер, а за помалку од 10 минути ќе треба да деконструираат и да создадат магична реченица за секој од нив.

Санто, воедно е и познат влогер кој се занимава со продуктивноста. Вклучен е во првите 30 под 30 години во унгарското издание на Форбс, а во својата кариера има соработувано со Time Warner, L'Oréal, OTP, Fashion Street и TripTrotting. Говорникот од Унгарија ќе споделува уште едно супер искуство и совети за најдобро лансирање на личните бренд.. Уживајќи во она што го работи тој успеа да изгради име во светот на дигиталниот бизнис.

Најголемиот регионален фестивал за комуникации – Викенд Медиа Фестивал оваа година ќе се одржи од 20 до 23 Септември. Како и секогаш, локацијата ќе биде во поранешната Фабрика за цигар во Ровињ (TDR). Партнерите на фестивалот се Франција и Германија. Сите маркетери можат да ги пријават своите трудови на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални дела во Регионот повторно ќе ја добијат најважната дигитална награда SoMo Borac.