Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста: Излекуван од малигна болест си заминува од Клиниката за детски болести

Уште едно детенце e излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести.

Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста и вчера си замина дома. Тој повторно ќе има среќно детство и ќе се дружи со другарчињата - соопшти министерот за здравство Венко Филипче и му посака секогаш да биде насмеан и силен како и досега. 

Браво за целиот тим на установата! Браво за Теофан!