Најголемите производители и трговци дел од понудата на Саем на мебел 2018
Во рамките на годишната програма на одржување на саемски манифестации е и едниот од најголемите саеми за широка потрошувачка - Саем на мебел 2018. Најатрактивната и најпосетена саемска манифестација годинава ќе се одржи од 5.-10. октомври во комплекс ВИП Арена Борис Трајковски на вкупна површина од 8000m2.
“Досега се пријавени над 90 излагачи од кои пријавено е и учество на странски излагачи од Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Турција и Косово. Уште сме во обработка на самите апликации, како и на просторното планирање на излагачите, така да наскоро јавноста ќе биде информирана за тоа кој сè ќе биде дел од Саем на мебел, но и за атрактивните саемски понуди и попусти.” - изјави Магдалена Хамбова - проект менаџер на Саем на мебел
За полесно циркулирање на посетителите до Саемот на мебел, продолжува соработката со ЈСП Скопје, со тоа што двете вондредни линии 100/1 и 200/1 ќе бидат во функција додека трае саемската манифестација.
Традиционално, Саемот на мебел и оваа година поради атрактивноста на саемската манифестација, ќе организира и наградна игра за посетителите.
Повеќе информации на: https://www.facebook.com/SkopjeFair/