Најмалку 5 пати ќе ги носите хулахопките: Девојка покажа генијален трик кој спречува кинење-работи проверено!
Една девојка покажа како успева да ги направи нејзините најлонски чорапи да траат долго без да се кинат.
Хулахопките брзо се кинат и се скапи. Една девојка решила да заштеди пари и пробала начин да им го продолжи животот. Тој генијален трик го објавила на својот профил на Тик Ток.
Што треба да направите со хулахопките?
Во виралното видео, Рејчел го облече фустанот што сакаше да го носи на свршувачката на нејзината пријателка. Таа истакна дека и требаат хулахопки бидејќи е ладно, а потоа го откри нејзиниот омилен трик за кој тврди дека го продолжува рокот на траење.
Таа откри дека хулахопките ги ставила во замрзнувач еден час додека ја средувала косата и шминката. Кога се облекла, ги зела најлонките кои се уште биле во оригиналното пакување. „Тие беа во замрзнувач околу еден час, се подготвуваа како мене, а потоа ги облеков“, објасни таа.
Ќе траат 5-6 носења
Таа ги советуваше своите следбеници да внимаваат да не ги фаќаат хулахопките со нокти и нагласи дека е подобро да ги ставаат во замрзнувач отколку постојано да купуваат нови и да трошат многу пари. Иако нејзиниот трик не ги направи хулахопките да траат вечно, таа објасни дека им помогнала да преживеат пет до шест носења, што е многу, бидејќи тие не се кинат по едно носење.