Најмладиот пациент во КЦ Ниш оздраве: Бебето кое беше заразено со Ковид-19 го победи вирусот

Бебето кое се зарази со коронавирус во првата недела од животот беше успешно излечено во Клиничкиот центар Ниш, потврди координаторот на детската ковид болница и директорот на Клиниката за детска хирургија на Клиничкиот центар Ниш, Анѓелка Славковиќ.

Д-р Славковиќ потсети дека бебето, донесено само седум дена старо со симптоми на вирусот „Ковид 19“, го донеле родителите во болницата и дека после тоа вирусот бил лабораториски потврден кај бебето, кое било задржано во болница.

„Бебето не беше во сериозна состојба, тоа редовно примаше терапија, цело време беше добро и тестовите после две недели покажаа дека нема проблеми и дека е негативен тестот“, изјави д-р Славковиќ за ТВ Пинк.

Според неа, три бремени жени позитивни за вирусот ковид-19 се породиле во КЦ Ниш минатата недела, а дека бебиња се негативни на вирусот.


Според д-р Славковиќ, во Клиничкиот центар во Ниш во моментов нема деца позитивни на вирусот „Ковид 19“, а во болницата има четири деца со респираторни симптоми.


Извор: alo.rs

Фото: EPA