Најмногу болат машките солзи: Пејовиќ откри дека скришно плаче, поради оваа животна причина

Фото: Вангел Тануровски

Тој нагласува дека секогаш било така, дури и пред да стане родител

Како гостин во една емисија, Ацо Пејовиќ откри во кои ситуации најчесто плаче. Објаснувајќи дека бил слаб на деца уште пред да ги добие своите, тој објасни како несреќата на најмладите неверојатно го погодува.

- Веднаш ми надоаѓаат солзи кога ќе видам деца на семафор како просат... Мило, убаво дете, гледаш дека има многу живот пред себе и сега наместо на убаво место, на училиште, тоа е таму и бара пари што некој му рекол да ги бара - раскажа во една прилика во емисијата „Сценарио“ и нагласи дека таквата сцена секогаш го потресува.

View this post on Instagram

A post shared by ACO PEJOVIC (@aco_pejovic)


- Ништо во животот не може толку да ме потресе како детска несреќа. И додека ги немав моите деца, некако бев најслаб на нив. Жал ми е, тие се мали суштества, што згрешиле за некој да ги малтретира - прокоментира пејачот кој помина низ многу тежок период поради болеста на неговата сопруга.