Најмногу ме нервира нееднаквоста на моите веѓи: Пред огледало со Александра Трпеска

Добивај вести на Viber

Инфлуенсерката Александра Трпеска или на Инстаграм позната како „majestic.at“ е девојка која секогаш внимава и го негува својот изглед и стил. Затоа пред огледалото на Женски Магазин ги сподели своите омилени ритуали за убавина.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? 

- Откако ќе се разбудам наутро, го пребришувам лицето со мицеларна вода, го мијам со вода и нанесувам дневна крема. Често знам и да го искористам ролерот ако имам „puffy eyes“. Пред да излезам од дома обавезно нанесувам заштитен фактор. 


* Со какви препарати го негувате лицето?

- Во последно време многу се трудам производите што ги користам да се природна козметика. Ги обожавам производите на „Логона“, „Пурито“, исто така користам производи од „Neutrogena, Uriage“. Серумот ми е најважна работа, па затоа најмногу буџет издвојувам за него. 


* Посетувате ли козметички салони?

- Не посетувам козметички салони. Најчесто одам во „Nail Gym“ на маникир и педикир. Обожавам сама да се грижам за своето тело бидејќи така имам најголем контрола врз себе. Доколку имам некаков проблем со кожата се консултирам со мојата докторка Марија Бунда.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса? 

- Користам производи од „Schwarzkopf Professional“, по препорака на мојот „hair stylist“, Грацијела. Во моментов ја користам нивната маска за коса „Chroma ID“ и шампон за коса „Mad about curls“.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Имам прилично океј кожа, многу се грижам за нејзе и би рекла дека освен тоа што сакам да ми изгледа потонирано кожата, не би покрила ништо посебно. Најмногу ме нервира нееднаквоста на моите веѓи, па тоа го корегирам со шминка. Периодов користам само тонирана крема со заштитен фактор и се чувствувам одлично. Обожавам „makeup“, но моментално, најверојатно поради целава ситуација, повеќе сум фокусирана на „skincare“.


* Кои се Вашите омилени козметички производи? 

- „Logona Cleansing Gel with Aloe Vera“, „Vitae OlioVita“ балм за усни, „Neutrogena Skin Detox Exfoliator“, „Teoxane RHA serum“, „Uriage Water Sleeping Mask & Frezyderm Tinted Sun Screen Cream“.


* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- „Vitae OlioVita“ балм за усни, „Neutrogena HydroBoost Face Cream with SPF“, молив за усни од „Rimmel“ и коректор „Burjois 123 Perfect CC“ коректор/крема за очи.

* Омилен парфем?

- Дневен „Jimmy Coo Blossom“, ноќен „Lancome Idole“.


* Како ја одржувате линијата? 

- Здрава исхрана пред сè, и се трудам секогаш кога имам време да вежбам заедно со Рената, мојот тренер. Си ветив дека ќе се посветам повеќе на вежбање периодов и работата нема да ми биде изговор. Своето здравје пред сè!


Д.Караташова Илиоска