Најмодерниот маникир оваа есен никако не го очекувавме: Омразената боја сега е хит, а внесува отменост во изгледот! (ФОТО)
Есента носи нова палета на бои и нови трендови не само во нашите гардероби и козметика, туку полека се менуваат и трендовите во светот на маникир.
Наместо интензивни, светкави нијанси и светли тонови на ноктите кои го истакнуваат исончаниот тен, во наредните месеци ќе се претпочитаат богати топли нијанси на кафена боја.
Кафеавата боја со години беше омразена боја, фрлена во прашина, но последните две години беше вратена од мртвите и доминира во есенските и зимските модни колекции, но е многу барана и во светот на убавината - кафеави кармини и сенки се задолжителен производ, а оваа есен така ќе биде и со ноктите.
Затоа, доколку сакате вашите нокти да бидат во склад со најновите трендови, задолжително одберете лак од широката палета на кафени нијанси - темно чоколадо, карамела, бело кафе...
Ако ви се допаѓа овој тренд, можете дури и да се обидете да ставите различна нијанса на кафена боја на секој нокт - овој маникир изгледа интересно, а сепак луксузно поради смиреноста и пригушениот тон на самата боја.
Фото: Инстаграм Screenshot
Ги извадила вештачките нокти без да оди во козметички салон: Безболно и брзо, ви требаат само три состојки кои сигурно ги имате дома