Ги извадила вештачките нокти без да оди во козметички салон: Безболно и брзо, ви требаат само три состојки кои сигурно ги имате дома

Добивај вести на Viber

Вештачките нокти можат да изгледаат одлично, а многу ви ја олеснуваат секојдневната рутина бидејќи се секогаш убави и уредни.

Меѓутоа, кога ќе ви здодеат, дали мора да одите во салон за да ги извадите или не?

На Тик Ток се појави видео кое ги полуде жените ширум светот. Девојка по име Сафија на својот профил објавила видео во кое објаснила како на безболен и едноставен начин за помалку од 10 минути да ги отстраните вештачките нокти без да одите на маникир.

Се што ви треба се 3 состојки: вода, сјај за миење садови и растително масло за јадење.

Измешајте ги сите состојки, а потоа потопете ги рацете во вода и држете околу 5 минути, а потоа полека обидете се да ги олупите вештачките нокти од рабовите. Ако не успеете, ставете ги рацете уште малку во вода, па обидете се повторно.

Погледнете го видеото сами, се е многу едноставно.

@xsaphxo No need to rip the off with my teeth anymore!! #fyp #foryou Sunny Day - Ted Fresco


Брзо и лесно до средени нокти: Еве како да отстраните гел или гел лак дома

Изгледаат како дете да ги цртало: Девојка платила 2000 денари за маникир, кога ги видела ноктите се запрепастила (ВИДЕО)