Здравје // Совети
Најнова студија: Постарите луѓе кои прележале ковид можат многу полесно пак да се заразат, имаат заштита од само 47 отсто
Постарите луѓе кои се опоравиле од Ковид не можат да претпостават дека се имуни на втор напад, според новата студија која покажува дека под 65-годишна возраст граѓаните се многу помалку подложни на реинфекција.
Студијата спроведена во Данска покажа дека под 65-годишна возраст имале околу 80 отсто заштита најмалку шест месеци од фаќање на Ковид по втор пат. Но, над 65-те години имаа само 47 отсто заштита, објави Гардијан.
Авторите на истражувањето, објавено во медицинското списание „Лансет“, велат дека ова значи дека е од витално значење да се преземат мерки за заштита на стари лица, кои исто така имаат поголема веројатност да умрат од Ковид.
Повеќе за темава читајте на Фактор тука.Фото: freepik.com