Најскапата чанта во светот, колку еден стан во Скопје
Во светот на чантите, кралицата на листа на чекање на сите чанта е „Биркин“ , онаа на Хермес. Меѓу актерките, пејачките и старлетите оваа чанта е престиж, а цената ѝ е од 7.000 до 70.000 евра.
Но, еднен ваков модел држи рекорд во сумата за која е продаден на еден колекционер во Азија. Чантата е наречена дијамантска „Хималаја“. На аукцијата, таа достигна цена од речиси 289.000 евра. Направена е од матирана крокодилска кожа, додека закопчувањето и останатите тврди детали се изработени од дијамант и од бело злато од 18 карати.
Но, што е тоа што ја изедначува цената на една чанта и еден стан на популарна локација во Скопје?
Само една или две дијамантски „Хималаја“ чанти се произведуваат во текот на годината, што е само една причина за нејзиниот ексклузивитет. Причината што е толку барана е и тоа што најверојатно ќе престане да се произведува поради употребата на крокодилската кожа.