Најслаткото нешто што ќе го видите денеска: Неодоливи новогодишни бебиња (ФОТО)

Најслатката објава што ќе ја видите денеска

„Новогодишни балони, насмевки и солзи радосници - со такви емоции стартуваше првото утро од новата 2023 година во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ на одделите за гинекологија и акушерија и неонатологија. Мајките со нетрпение ги очекуваа своите мали симпатично спакувани „подароци“, несекојдневна глетка за одличен почеток на новата година.
Им честитаме на родителите што добија принова, а им велиме и големо благодарам на медицинските тимови кои неуморно и со голема љубов работеа ова деноноќие. Со задоволство ги споделуваме со вас најубавите новогодишни фотографии!“- напишаа од приватната болница „Аџибадем Систина“ во описот на фотографиите од неодоливите новогодишни бебиња.

View this post on Instagram

A post shared by Acibadem Sistina Hospital (@acibademsistina)