Најсовремена медицинска технологија на едно место: „Аџибадем Систина“ создаде дијагностички –имиџинг центар каде што се откриваат сите болести во рана фаза

Добивај вести на Viber

Брза и прецизна дијагноза на сите болести, снимки со висок квалитет и резолуција, минимална доза на зрачење, скратено време на снимање и комфор за пациентите, се главните предности на медицинската технологија со која располага дијагностичкиот имиџинг–центар на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Со инвестиција од над 20 милиони евра од отворањето до денес, болницата го создаде најмодерниот имиџинг–центар во регионот, со најсовремена медицинска технологија, која се користи и во најреномираните болници во светот, како што се John Hopkins, CCS Paris, King’s College Hospital London. Центарот располага со 24 вида високософистицирани медицински апарати кои се клучни во дијагностиката и третманот, како и уште дополнителни 20 ултразвучни апарати за општа и специјалистичка примена во болничките амбуланти. Во центарот работи високопрофесионален тим радиолози и доктори од сите специјалности, како и техничари обучени да работат со медицинската апаратура, што е од особено значење за испорачување квалитетни снимки и нивна стручна анализа. Со последната инвестиција во медицинска технологија во вредност од 3 милиони евра, болницата уште еднаш докажа дека вложува во развојот на имиџинг-центарот и континуирано е во чекор со последните достигнувања во медицината.Целокупната опрема е набавена од најголемиот светски производител на медицинска опрема  „GE Healthcare“, со кој болницата соработува веќе една деценија, а токму таа соработка значи дека се набавуваат најнапредни и најсовремени медицински апарати.

Со гордост можеме да кажеме дека „Аџибадем Систина“ е единствената болница во земјава која располага со магнетна резонанца за цело тело MRI 3 Tesla, која е последна генерација на апарати за магнетна резонанца. MRI 3 Tesla овозможува скратено време за снимање до 30 %, прецизен приказ на внатрешните структури и органи, како и детекција на промени кои се невидливи со стандардните модели на магнетна резонанца. Има поширок отвор и поголема маса за снимање која поднесува тежина и до 250 килограми, а предност е и ниската бучава. На овој моќен апарат може да се направи и Check-up скрининг на целото тело за помалку од 1 час, без зрачење и без контрастен медиум.

 „Аџибадем Систина“ единствена во државата  располага и со компјутерска томографија GE Revolution CT 512- SLICE  со софистицирана технологија која овозможува помала доза на зрачење и до 40% и обработка на голем број дијагностички процедури за краток временски период. CT 512- SLICE има вграден систем за скенирање и на бебиња и деца со ултра мала доза на зрачење, која е за дури 82% помала од стандардните системи.


На Одделот за радиологија функционира и флуороскопски рендген-апарат GE RF180 со најнова дигитална технологија, која овозможува брза, прецизна и сигурна дијагностика и интервентни процедури.

Имиџинг-центарот располага и со ПЕТ/КТ GE Discovery IQ апарат, кој користи Al- вештачка интелигенција за многу попрецизно детектирање и на најситните промени - лезии со големина и до 5 мм. ПЕТ/КТ се користи за процена на стадиумот на болеста, за детекција на локални рецидиви и далечни метастази, како и за процена на одговорот на примената терапија и  прецизно планирање на радиотерапија кај онколошките пациенти. Предностите на најновата генерација ПЕТ/КТ е скратено време на снимање до 50% и намалување на дозата на радиофармацевтикот за 30-50% со што драстично се намалува зрачната доза кон пациентот. Одделот за нуклеарна медицина располага и со компактна повеќенаменска SPECT GAMMA камера со чија помош се изведува широка палета дијагностички иследувања. Снимањето е безбедно, а резултатите се издаваат веднаш.

Мамографскиот кабинет е опремен со GE Sennographe Pristina, најнова генерација на дигитален мамограф со специјален додаток за дојки со вградени импланти, достапен и за лица со инвалидитет. Она што го прави различен од обичните мамографи е специјалната маса за биопсија и уредот за роботизирана стереотаксија  - компјутерско контролирање на интервентните процедури, како што се биопсии и предоперативни бележења со жица. Новиот модел на мамограф дава брза и беспрекорно јасна и прецизна слика на целата дојка. Сите кардиолошки, радиолошки и невролошки интервентни процедури, како и електеофизиологија на срце во „Аџибадем Систина“ се изведуваат во двете ангиографски салаи опремени со два модерни дигитални ангиографи: INNOVA 2100 / INNOVA 3100. Ангиографите имаат врвен квалитет на слика, која овозможува прецизно снимање и безбедно изведување и на најкомплексните процедури.

Благодарение на 4D-гинеколошкиот ултразвук и неговата Al-технологија за автоматско пепознавање на структурите на бебето и автоматско мерење на параметрите важни за следење на развојот на плодот, трудниците во „Аџибадем Систина“ добиваат висококвалитетен преглед за безбедно следење на бременоста.

Покрај технологија за дијагноза, имиџинг-центарот располага и со моќниот акцелератор Trilogy, кој е еден од најновите генерации линеарни акцелератори со кои прецизно се третираат тумори со најразлични големини. Една од главните предности е можноста за IGRT - следење на зрачниот третман преку слики, со што докторите за време на самиот третман имаат повратен одговор  дали се спроведува според планот и дали зрачниот третман е директно насочен кон туморот. Со тоа се скратува времето на зрачење, третманот е целосно насочен кон туморот, а околното ткиво останува здраво.

Благодарение на софистицираната опрема, пациентите во „Аџибадем Систина“ имаат можност брзо и безбедно да ги откријат и сите промени на кожата и бенките, да ја измерат густината на коските за рана детекција на остеопороза, да направат панорамска снимка на заби со висока резолуција и уште голем број испитувања без притоа да чекаат време за закажување, а резултатите ги добиваат веднаш. Имиџинг-дијагностичкиот центар e клучна алка во мултидисциплинарниот пристап во третманот што го добива секој пациент на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Плановите на болницата се негово континуирано развивање со цел пациентите да добијат рана дијагноза и шанса за успешен третман на сите болести.