Најсреќните деца во светот живеат во овие земји

Добивај вести на Viber

Истражување на ПИСА покажа дека најсреќните деца живеат во Финска, Германија и Шведска. 

Според  ПИСА, децата од овие земји околу 35 часа неделно поминуваат во учење, што им остава доволно простор за воншколски активности кои влијаат на развојот на детето. На тој начин не им се создава аверзија кон училиштето, учењето и обврските. 

Истражувањата покажуваат дека резултатите на тестирањата на ПИСА кои ги постигнале учесниците во Србија не зависат од висината на платата во семејството на детето, а слична е ситуацијата во сите земји од регионот.  Децата кои доаѓаат од сиромашни делови на светот, традиционално се наоѓаат на врвот по своите успеси во образованието. Кон тоа придонесува разликата меѓу државните и приватните училишта – во корист на првите. Најуспешни се државните училишта во Турција, Јапонија и Италија, додека приватните училишта во овие земји се далеку зад нив.

Податоците покажуваат дека девојчињата се подобри во тимска работа, додека момчињата се покажале подобри во математиката.