Најстарата билка на светот расте и во Македонија: „Убиствената“ моќ на чајот ги лечи и најтешките воспаленија

Билкарката Рејчел Робинет истакнува дека билката коњско опавче е еден од најстарите користени природни лекови на планетата

Во Ајурведата, се користи за лекување на воспаленија, а Индијците го користеле и како лек за бубрезите, воспаление на мочниот меур и диуретик. Најголемите предности на ова растение се тоа што содржи флавоноиди (антиоксиданси) и моќно соединение на сапонин.

Богат е со природен калциум, магнезиум, калиум и силициум. Затоа ова растение е одлично за одржување на здравјето на коските и забите, па дури и помага во заздравувањето на фрактурите на коските.

Се препорачува и за луѓе кои страдаат од ревматизам, артритис и остеопороза, преку подобрување на еластичноста на зглобовите. Може да помогне и при исчашувања, тетиви и проблеми со лигаментите.

Друга предност е тоа што го стимулира растот на косата и ноктите, па можеме да ја искористиме за негување на убавината. Коњското опавче е еден од најдобрите природни лекови за лекување и спречување на целулитот.

Во народната медицина најмногу се користи како диуретик и природно средство за чистење или детоксикација на организмот. Го стимулира излачувањето на течности и токсини насобрани во телото.

За медицински цели, надземниот дел се користи за подготовка на чај, тинктури, па дури и масла. Расте на влажни ливади, покрај потоци и реки, а го нарекуваат коњско опавче поради изгледот и неверојатната сила.