Најстарата манекенка на светот: Ајрис Апфел на 97 години ќе прошета на писта

Добивај вести на Viber

Ајрис Апфел на 97 години потпиша договор со една од највлијателните модни агенции, ИМГ Моделс. „Многу сум возбудена. Никогаш не сум имала толку добар агент. Кој би помислил дека ќе станам модел на 97 години“, им изјавила Ајрис на медиумите.

Апфел важи за икона на стилот. Препознатлива е по кратката бела коса, огромните наочари и накитот, но и по тоа што била задолжена за дизајнирањето на ентериерот во Белата куќа, од времето на Труман во 1945 година сѐ до мандатот на Клинтон. 

Пред четири години „Нетфликс“ сними документарец за нејзиниот живот, а минатата година беше промовирана и нејзината биографија потпишана од Харпер Колинс.

Ајрис неодамна стана најстариот модел кој се најде на насловната страница на магазинот Dazed & Confused.

- Таа зрачи со креативност и инспирација. Многу сме возбудени што на светот вистински ќе му покажеме дека годините се само број и дека не треба да бидат нешто што ќе ве ограничува - изјави Иван Барт, директорот на агенцијата чие ново заштитно лице е токму Апфел.