Најточен „тест на личност“ во светот: Само 4 прашања откриваат баш сѐ за вас
Majers – Brigs тестот за личноста е измислен за време на Втортата Светска војна, во времето кога голем број мажи заминаа да се борат. Замислен е за да им помогне на жените при изборот на работа на веќе постоечките „машки позиции“. Но, овој тест исто така се смета како одличен во општиот увид на личноста, и за мажите и за жените.
Се состои од само 4 прашања, целосно насочени кон одредени карактеристики на вашата личност.
Покрај секој одговор стои буква која треба да ја запамтите или запишете. Сите одбрани букви заедно ќе ја откријат вашата личност во најважните црти, подолу. Овој тест го користат и многу компании при изборот на кандидати за работа.
ТЕСТ
Прашање 1. Многу сте уморни, бидејќи имавте бескрајно тешка недела. Како ќе го поминете викендот?
Е – Ќе се слушнам со пријателите и ќе ги прашам за нивните планови. Слушнав дека се отвара нов ресторан/ќе се прикажува нова премиера во кино или има огромен попуст во кугланата. Треба заедно да отидеме и да се забавуваме.
I – Ќе ја уклучам опцијата ‚‚not disturb" на мобилниот и ќе останам дома. Ќе гледам нови епизоди од мојата омилена серија, ќе редам сложувалка, ќе си направам топла бања и ќе уживам во неа читајќи книга.
Прашање 2. Кој од овие два описа најмногу ви одговара?
S -Најважно ми е она што се случува сега и овде. Ги проценувам вистинските ситуации и посветувам внимание на деталите.
N -Фактите се досадни. Обожавам да фантазирам и во глава да склопувам идни можни настани. Повеќе се потпирам на интуицијата, отколку на информациите.
Прашање 3. Понудена ви е работа кај директниот конкурент на вашиот работодавец. Во огромна дилема сте, бидејќи таму даваат поголема плата, но во оваа фирма имате прекрасни колеги. Напротив, шефот на вашиот сектор напомена дека ќе ве предложи да ја заземете неговата позиција, кога тој ќе замине во пензија. Како ќе донесете одлука?
T -Ќе се потрудам да ги соберам сите потребни информации за конкурентската фирма, ќе го прашам шефот на секторот за човечки ресурси за совет и ќе направам табела со сите можни „за“ и „против“ новата и моменталната работа. Во вакви ситуации важно ми е да ги пронајдам сите аргументи од двете страни и студено да ја проценам ситуацијата.
F -Ќе ги послушам своите инстинкти. Секогаш се трудам да го следам својот инстинкт и да си го послушам срцето.
Прашање 4. Остануваат уште две недели до венчавката на вашиот најдобар пријател. До каде сте со подготовките?
J -Пред еден месец ангажирав музичар на флејта да ни ја отсвири нашата песна од средно школо/ направив колаж фотографии од заљубениот пар/ напишав песна/ знам што ќе облечам на венчавката. Сакам се да ми е подготвено.
P -Зошто да се спремам? Ќе се забавувам и ќе уживам на забавата. Говорот за младоженците ќе го импровизирам. Сепак, најдобрите работи се случуваат спонтано.
Проверете кои букви ги одбравте од секој одговор и под ред запишете ги. И пронајдете се.
1. ESTJ - Директор
Практични и конзистентни, и секогаш се’ планирате и кај вас е секогаш се’ во најсовршен ред. Но, пред се, сакате да ги уверите луѓето во вашата праведност и да им наметнете да размислуваат слично како вас. Отворени сте, сакате да запознавате нови луѓе и го поминувате вашето слободно време во друштво. Секогаш се грижите за вашето семејство и пријателите и многу добро знаете како да ја изразите вашата љубов.
*17% жени, 8% мажи
2. ENTJ - Командант
Животот за вас претставува борба, а по неа се проценувате и самите себе и луѓето околу вас. Како храбра личност, склона кон ризици, лесно пронаоѓате инспирација за да започнете нови работи. Истовремено, точно и сигурно ги проценувате своите доблести и маани. Отворени сте за нови идеи и многу добро се вклучувате во се’ што се согласува со вашата позитивност и желба за нови работи и искуства.
*3% жени, 1% мажи
3. ESFJ – Учител
Лесно остварувате нови познанства и обично сте секогаш во центарот на вниманието на секој друштвен настан. Внимателни сте, се грижете за своите најблиски и секогаш сте подготвени да им помогнете на луѓето, дури и кога мора да ги жртвувате своите сопствени интереси. Од друга страна, изразито сте самостојни и било што и да правите се потпирате само на себеси. Единственото нешто што ви е потребно е емоционална поддршка од најблиските.
*6% мажи, 3% жени
4. ESTP – Маршал
Вашиот став дефинитивно не е „важно е само да се учествува“. Ја постигнувате секоја ваша цел без оглед на кој начин, па дури и ако треба и на база на физичка сила. Строго се држите до планот, а не поднесувате компромиси и зависност од било кој вид. Вие сте роден борец, многу активни и високо организирани. Дури и најстресните ситуации можете објективно да ги процените и брзо да смислите делотворно решение.
*6% мажи, 3% жени
5. ENFJ – Ментор
Емотивни сте и зборливи со милион изрази на лицето и гестикулации кои ги користите при комуникацијата. Сочувствителни сте и внимателни, па лесно ги препознавате лагите. Во љубовните односи сте љубоморни и недоверливи кон партнерот. Често предвреме имате чувство „што се подготвува“ и подготвени сте да се соочите со претстојните настани.
*3% жени, 2% мажи
6. ENTP – Иноватор
Генератор на идеи, секогаш настојувате да направите нешто ново. Едноставно се прилагодувате на новитетите и непознатото окружување и лесно ги совладувате различните методи на работење. Не сте некој посебен обожавател на рутината и традицијата и токму поради тоа сте склони да ги менувате своите професионални сфери и хобија, попатно често пронаоѓајќи се себеси во улога на иноватор. Она што е многу важно за вас е дека не само што можете да измислите нови идеи, туку можете да ги пренесете истите и на другите.
*4% мажи, 2% жени
7. ESFP – Политичар
Професионално лесно се соочувате и ги проценувате приликите кои се појавуваат во вашето окружување, а многу често ја користите таа вештина за манипулирање на луѓето. При комуникација со луѓето првенствено гледате на своите лични интереси. Меѓутоа, секогаш се обидувате да ги импресионирате луѓето околу себе и да создадете слика за себе дека сте едноставна личност. Живеете во сегашноста и не сакате да губите време. Сакате брзо да гледате резултати од својата работа, што од друга страна потсетува на вашето големо незадоволство од бирократијата.
*10% жени, 7% мажи
8. ENFP – Шампион
Полни сте со енергија и многу љубопитна личност сте со јасно изразени креативни способности. Имате карактеристики и на интроверт и на екстроверт, што резултира од вашето супер согласување со луѓето во вашата околина и од вашето често сочувствување со нив. Вие сте добар советник. На животот гледате како голема слика со сите негови различности и можности кои ги нуди. Имате богата фантазија и висок коефициент на интелегенција. Вие сте многу стабилна личност, која може да одржува рамнотежа, дури и кога сте во многу променливо окружување.
*10% жени, 6% мажи
9. INFP – Исцелител
Вие сте голем сонувач и поет, а најважни ви се вашата внатрешна хармонија и ред. Поголемиот дел од вашите размислувања за светот се случуваат длабоко во вас, но на темелот од тие расмислувања вие сте способни да ги предвидите идните случувања и добро да ги процените луѓето околу вас. Сакате секогаш да сте убаво средени и да изгледате добро во сите прилики. За вас никако неможе да се каже дека сакате да трошите, а често ви се случува потполно да изгубите поим за времето и реалноста.
*5% жени, 4% мажи
10. ISFP – Композитор
Пронаоѓате среќа во малите работи, а рутината и монотонијата никогаш не ви биле проблем. Сакате да се чувствате потребно, со тоа што им помагате на луѓето, но никогаш не влегувате во нивниот личен простор. Не поднесувате конфликти, а во друштво вие секогаш се пронаоѓате во улогата на забавувач. Многу сте реални, практични, грижливи, нежни, сигурни и верни. Го прифаѓате светот онаков како што е и никогаш не се обидувате да го водите или манипулирате.
*10% жени, 8% мажи
11. INTP – Архитект
Интелектуалец и филозоф, воопшто не ви се допаѓа експресивноста. Секогаш барате мирни емоции и утеха. Многу сте внимателни во приликите кога одлучувате за нешто, преферирате анализи и барате врска помеѓу минатото, сегашноста и иднината. Премногу сте чувствителни на промените и тешко се носите со нив. Секогаш се обидувате да ги соберете сите факти, мили и идеи, и поради тоа сте често напнати.
*5% мажи, 2% жени
12. INFJ – Советник
Имате феноменално чувство за другите луѓе и за нивните социјални врски. Лесно го препознавате нивното расположение, како и скриените таленти, што е еден од главните причини зошто луѓето токму вас ве бараат за совети и помош. Понесени сте од интуицијата, никогаш не престанувате да учите нови работи, сметајќи дека личниот развој е многу важен за секој човек. Познавајќи се себеси, добивате нови алатки со кои им помагате на другите.
*2% жени, 1% мажи
13. INTJ – Двигател
Имате доста богат внатрешен свет од кој црпите неверојатни идеи. Склони сте кон совршеност и сакате се’ и секого да го подобрите. Но, токму поради тоа често имате проблеми со луѓето од вашето окружување, бидејќи се одалечувате самостојно од нив, за да ја покажете вашата независност. Лесно ги поставувате вашите приоритети и верувате во својата интуиција.
*3% мажи, 1% жени
14. ISFJ – Заштитник
Не поднесувате претворање и неискреност во врската. Јасно правите разлика помеѓу луѓето во вашиот внатрешен круг и странците, кои се трудите да ги држите што подалеку од себе. Внимателни сте по природа и доста внимание трошите на тоа што зборувате и правите. Мили сте и се грижите за своите блиски, а главната цел во животот ви е да им помагате на другите луѓе и да ги усреќите.
*19% жени, 8% мажи
15. ISTP – Мајстор
Мајсторот, по правило, размислува технички и сака да работи со рацете. Не се брзате со донесувањето на одлуки и мислите дека е подобро два пати да проверете, отколку да згрешете. Внимателни сте кон роковите и секогаш се завршувате на време, а во работата сте многу прецизни. Го проценувате светот по основа на вашите чувства, а вашето мислење за работите што се случуваат околу вас е објективно и критично. По природа сте комуникативни, но доколку почувствувате несигурност, веднаш се затварате.
*9% мажи, 2% жени
16. ISTJ – Инспектор
Промислени и одговорни. Секогаш сте сигурни во себе и не ги прифаќате работите „здраво за готово“, туку секоја нова информација добро ја анализирате. Не сакате долгорочна комуникација, туку подрага ви е комуникацијата на работа. Пренасочени сте максимално кон резултатите. Почитувате авторитет и ред, а во работата сте многу педантни. Живеете во сегашниот миг, не потпирајќи се премногу на вашата фантазија и соништа.
*15% мажи, 7% жени