Најточниот љубовен хороскоп: Кратка врска за Близнаците, нова романса за Вагите, а еве кој нема време за љубов поради работата

Добивај вести на Viber

Венера, планетата на љубовта, е во огнениот Овен, па носи засилени страсти и тоа од женска страна. Марс, планетата која го претставува машкиот принцип, е во Близнаци, што укажува дека мажите во моментов се силни само со зборови.

ОВЕН

 Во наредниот период ќе имате повеќе среќа во љубовта и веројатно бројни можности да ја доживеете. Можеби дури и ќе сретнете некој навистина возбудлив кој целосно ќе ве освои. Доколку веќе сте во врска, очекувајте подобар договор со партнерот и засилување на страста.

БИК

Следната недела ќе влезете во многу подобар период кога е љубовта во прашање. Претходните недели бевте повеќе страстна личност, а од следната ќе бидете поромантични и заинтересирани за потрајни комбинации во љубовта.

БЛИЗНАЦИ

 Ќе бидете нервозни, претерано зборливи и критични, особено саркастични, а сето тоа нема да придонесе за хармонија во љубовниот живот, но вашиот брз ум и силна интелигенција секако ќе предизвикаат восхит. Можна е кратка афера.

РАК

Во првиот дел од неделата ќе бидете донекаде кавгаџии и нема да сакате да бидете во хармонија со личноста која ви се допаѓа. Сепак, во втората половина од неделата ќе преовлада вашата потреба да сакате и да бидете сакани.


Следна страна