НАЈУБАВИТЕ БАЈКИ ОД АНДЕРСЕН И ОД БРАЌАТА ГРИМ

За децата, односно за најмладата читателска публика, Просветно дело несебично создава, креира и одбира најубави едиции, сликовници, книги, енциклопедии... кои топло ги препорачува за читање.  Тоа што е безвременско и волшебно треба да го има секое дете во својот дом.

Такви се и НАЈУБАВИТЕ БАЈКИ од АНДЕРСЕН и НАЈУБАВИТЕ БАЈКИ од БРАЌАТА ГРИМ, кои концепциски содржат по 15 бајки, и тоа најубавите и најпознатите: Дивите лебеди, Грдото пајче, Снежната кралица, Девојчето со кибритчиња и др. од Андерсен, како и: Јованче и Марика, Волкот и седумте јариња, Баба Марта, Златокоса и др. од Браќата Грим. Ова се познатите бајки со кои растат сите деца во светот.

Овие бајки сега се „спакувани“ на едно место, во луксузна сликовница, со убави илустрации во преден план и со ненаметлив детски раскажувачки стил.

Модерно се дизајнирани, секоја бајка има карактеристични илустрации, кои ги прават различни едни од други, а сите се привлечни, интересни и убави. Се посочуваат одредени човекови карактерни особини и црти предадени преку животните, а кои длабоко во себе носат клучни пораки.

Разиграноста на текстот преку различните букви и по форма и по големина, создаваат стилизиран визуелен ефект кој е мошне привлечен и за децата и за возрасните. Затемнетите букви апелираат пораки, мудри мисли, зборови за памтење.

Сите овие елементи заедно ги воведуваат децата во светот на волшебните и безвременски бајки.