Најубавите имиња за пролетни бебиња, некои од нив се и многу ретки

Пролетта е симбол на нов живот, сила, енергија, позитивност, па не е за чудење што многу имиња асоцираат токму на ова годишно време. Се вели дека името има доста големо влијание врз судбината и животниот пат на детето, па добро би било да размислувате подлабоко на оваа тема во текот на бременоста.

Имиња за девојчиња:

1.  Весна – старословенска божица на младоста и пролетта, која имала власт над сончевата топлина и обновувањето на природата.

2.  Зора – старословенска божица на утринското будење, која му дава сила на сонцето.

3.  Маја – римска божица на полињата и плодовите, која се поврзува со пролетта, а по нејзе е именуван и петтиот месец во годината, мај.

4.  Аурора – римска божица на изгрејсонцето.

5.  Анастасија – потекнува од грчкиот збор anastasias – што значи, повотрно родена, воскресната, преродена.

6.  Невена, Јасмина, Лилјана, Љубица – најубавите пролетни цвеќиња.

Имиња за момчиња:

1.  Лука – потекнува од латинскиот збор lucus – шума.

2.  Младен – симболизира вечна младост.

3.  Горан, Зоран,Невен.