Најубавите мраморни велигденски јајца: Едноставна техника со прекрасен ефект - ќе добиете вистинско мало уметничко дело

Добивај вести на Viber

Мраморните јајца се многу ефиктни

Ако преферирате да ги бојадисате вашите велигденски јајца на старомоден начин со лушпи од кромид, мраморните јајца сигурно ќе ве воодушеват!

Се што ви треба се лушпи од кромид, неколку гази или стари хулахопки и една кесичка боја за јајца по ваш избор.

Лушпите од кромидот исечкајте ги на мали ленти или на триаголници. Секое јајце потопете го во вода, а потоа извалкајте го во лушпите за да се залепат рамномерно. 

Исечете газа или хулахопки за да можете да го завиткате јајцето, а потоа врзете го со гумено ластиче или конец. 

Во тенџере со ладна вода, лажица оцет и лажица сол ставете ги завитканите јајца, истурете ја содржината од кесичката со боја и варете на вообичаен начин. 

Извадете ги јајцата и кога малку ќе се изладат, исечете ја газата и внимателно отстранете ги лушпите. Ќе бидете воодушевени од резултатот! За висок сјај, премачкајте ги јајцата со памук намачкан со малку масло.

Целата процедура можете да ја погледнете во видеото:


Фото и Видео: Youtube

Бојадисување на Велигденски јајца со шлаг: Наједноставна техника која дава фасцинантен резултат