Најважните моменти од спектакуларното модно шоу за висока мода на Долче и Габана!
Епицентарот на светот, насликан на платно!
Модната куќа Долче и Габана секоја година не фасцинира со своите креации, модни едиторијали, како и модни шоуа. Оваа пролет, модното шоу за висока мода на Долче и Габана се одржа во Metropolitan Opera House во модниот епицентар-Њујорк!
Еве ги највпечатливите моменти од ова шоу!
1. Наоми Кембел како статуа на слободата
Светскиот топ модел носеше раскошен фустан каде беше насликан Time Square, а нејзината глава ја красеше круна, иста како онаа на статуата на слободата.
2. Карли Клос во раскошен фустан од пердуви!
3. Модни детали во духот на Њујорк!
За време на целото шоу, модните аксесоари беа главен акцент,а животот во Њујорк главна инспирација. Па така,и оваа Broadway clutch ташничка!
4. Ѕвезди и светки
Сјајот и гламурот на Њујорк, беше претставен низ разни креации изработени од светкави материјали
5. Статуата на слободата- главна инспирација!
Круната на оваа статуа беше главна инспирација, па така модното дуо Долче и Габана реши да направи повеќе модели на оваа круна.
6. Карен Елсон во драматичен фустан од графити инспирирани од улиците низ Њујорк!
7. Њујоршки облакодери и романтични сицилијански рози насликани на фустаните
8. Впечатливи аксесоари!
9. Флорални принтови, пастелни бои и впечатливи парчиња накит!
10. Statement раменици во стилот на 80-тите
11. Наочари за сонце во форма на ѕвезди!
12. Empire State Building- фустан!
13. Романтични велови и круни
14. Облакодери насликани на раскошни здолништа
За Женски Магазин
Нина Беадер - моден колумнист и lifestyle блогер
Инстаграм : @beadernina