Најважните придобивки од купување детско животно осигурување

Добивај вести на Viber

Секој родител се труди на своето дете да му овозможи безгрижно детство и растење, а тоа не е лесна задача. Сигурноста е она што најмногу го посакуваме за своето дете. Љубовта, вниманието и трпението се клучни за развојот на секое дете, но подеднакво е важно навреме да се размислува за неговата иднина и финансиски да биде згрижено. Затоа е добро кога знаеме дека уште денес можеме да преземеме нешто за неговата иднина да ја направиме поубава и полесна. Подарете им го на вашите најмили она што е највредно – осигурана иднина.

Еден од начините да бидете сигурни дека вашите деца имаат финансиска поддршка кога им е најпотребна е детското штедно осигурување. Полисата на осигурување за Вашето дете е подарок што ќе расте заедно со детето. Постојат неколку придобивки од купување животно осигурување за децата, меѓу коитреба да се истакнат загарантираното покритие, заклучувањето на најниски премиумстапки и пристап до паричната вредност за иднината. Осигурувањето ќе им обезбеди на најмладите најдобро образование, поддршка кога ќе одлучат да се осамостојат или да донесат одлука за засновање на свое семејство.

Вредноста на детското штедноосигурување никогаш не старее и не се губи, за разлика од сите материјални добра што биги купиле. Со осигурување навреме обезбедувате заштеда, а можно е да се договорат и дополнителни осигурувања. Инвестирањето во сигурноста и иднината на најмладите енајмудрата одлука во текот на животот, па се поставува прашањето како и каде правилнода вложувате, а притоа да имате сигурни придобивки од вашата инвестиција.

Кроација Осигурување - Живот ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра иднина за вашето дете.Коко детското штедно осигурување претставува полиса која обезбедува осигурување и воедно штедење за вашето дете и план за заштеда во корист на детето. Ексклузивноста на овој производ се состои во поврзаноста на штедната и осигурителната компонента и можноста за инвестирање на дел од средствата во удели на финансискиот пазар и заштита од непредвидливи и несакани животни ситуации.

Дополнителни бенефиции се можноста за зголемување на осигурената сума во висина од 3% за постигнат одличен успех во средно образование, како и двојна осигурена сума при несреќен случај на двата родитела на осигуреникот истовремено и исплата на осигурената сума во случај на несакани последици за Договорувачот. Постои и можност за вклучување дополнителни компоненти за осигурување: дополнително осигурување во случај на незгода/повреди и дополнително осигурување во случај на операции. Максималната осигурана сума изнесува 30.000 евра.

Коко Инвест осигурување на живот претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина. Се работи за полиса согласно вашата потреба, којашто овозможува временски и просторно неограничено осигурување, со можност за остварување на атрактивен принос со умерен ризик и професионално управување со средствата на фондот. Осигурувањето нуди можност за диверзификација на портфолиото по земји, валути и инструменти. Минималната премија за повеќекратна уплата изнесува 300 евра, додека минималната премија за еднократна услуга е 2500 евра, а постои можност и сами да избирате инвестициски фонд.

И двата вида детско штедно осигурување опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години (максимум до 25-годишна возраст на детето). Постои и можност за избор на динамиката на плаќање и сумата која се уплаќа, односно може да се плаќа месечно, годишно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно. Исто така, детето е единствен корисник на средствата и осигурувањето е временски и просторно неограничено.

ПР објава