Најважно ми е да бидам добар пример за моето дете: Утринско кафе со Натали Грубовиќ-Глушац

Денот во Нови Сад (тука живеам веќе 6 години) ми започнува во раните утрински часови со мојата ќеркичка Натали, спремање на доручек за нас две и потоа го пијам првото утринско кафе во нејзино друштво. Се' уште не оди во градинка, па заедно го поминуваме цел ден. Наскоро треба да почне да оди, па ќе можам повеќе да се посветам на професионалните обврски.

Во попладневните часови ни се придружува и маж ми Дрен, па излегуваме заедно и до времето за спиење гледаме да сме што повеќе надвор на воздух и во друштво. Вечерите, пак, се резервирани за маж ми и романтика. Гледаме некој филм, пиеме чаша вино или се дружиме со пријатели.

Иако многу сакам да гледам филмови и често одам во кино, се трудам да читам што повеќе можам. Секој ден макар по неколку страници во зависност од обврските. Понекогаш знам да скратам и добар дел од сонот поради добра книга.

Она што најмногу ме мотивира е желбата да бидам добар пример за моето дете и добар родител, професионално и приватно исполнета жена и среќен човек. Се трудам секојдневно да се усовршувам и да го користам времето максимално исполнето. Засега ми успева.

* Натали Грубовиќ- Глушац, специјалист за пи-ар и маркетинг, поранешна лото и бинго девојка и модел