Најзгодната жена во светот ги покажа сите свои атрибути и го „фрли“ Инстаграм во екстаза: „Гледам и не верувам дека е толку совршена“ (ФОТО)

Никол Шерцингер е позната по својата феноменална фигура и редовно е на врвот на листата на најсекси и најубави жени на светот, а пејачката ужива да го покажува својот шарм во предизвикувачки изданија, но и во минијатурни бикини.

Овој пат, убавата 43-годишна дама сподели провокативни фотографии од одморот во Мексико, а позирала во модерен, атрактивен розов костим, фалејќи се со своите атрибути.

Затегнато тело во облик на вретено, рамен стомак, бујни гради, тенок струк - доволен е само еден поглед на фотографиите на Никол за да сфатите колку таа е волшебна! Секогаш добивала бројни комплименти и пофални зборови, па ваквите коментари и овој пат не изостанаа.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger)



„Јас сум без зборови“, „Не старееш“, „Не ми се верува дека постои ваква жена“, „Не можам да дишам додека те гледам, ти си совршена“, „Ме воодушевуваш“ , „Немаш конкуренција“, „Каква жена, оставаш беа памет, „Што е ова, шокирана сум што постои такво женско тело“, се само некои од коментарите.

Инаку, Никол ја должи својата совршена фигура на внимателно осмислената рутина за вежбање, а што се однесува до диетата, таа тврди дека јаде се, но умерено и со акцент на поздрав вид на храна. Таа исто така се грижи секој нејзин оброк да содржи избалансиран сооднос на масти, јаглени хидрати и протеини. На пример, тост од авокадо со пржени јајца и чаден лосос или здрава овесна каша со шумски бобинки за појадок.

Кога станува збор за вежбање, оваа позната убавица практикува речиси секојдневни вежбања во теретана, 20 минути кардио тренинг, планинарење, јога, кревање тегови..



Да потсетиме, Никол еднаш призна дека долго време имала проблеми со самодовербата и нарушувања во исхраната, но дека сѐ се променило пред неколку години кога решила да се посвети на здравата исхрана и редовните тренинзи.

Само ако си задоволен со себе и тогаш се оди полесно. Ми требаше долго време да се прифатам себеси и своето тело. Кога се помирив со себе не ми беше проблем да вежбам и да јадам што е добро за мене. Сами сме свои непријатели. Тежината не е важна, важно е да си пријател на себе затоа што ако не се сакаш себеси, тогаш си самоуништувачки и тажен. „Голем дел од животот го поминав негувајќи тага и дури сега сфаќам дека само си го трошев времето“, рекла таа во една прилика.


Фото: instagram printscreen

Ја знаеме како црнокоса веќе 20 години: Никол Шерцингер направи драстична промена - сега е платинеста русокоса (ФОТО)

Се чини дека нејзиното тело го извајал Бог лично: Има 43 години, а ние можеме само да ѝ се воодушевуваме