Се чини дека нејзиното тело го извајал Бог лично: Има 43 години, а ние можеме само да ѝ се воодушевуваме

Добивај вести на Viber

Таа дефинитивно може да се гордее што ја презема титулата за најзгодната жена на светот

Познатата пејачка слободно може да го носи епитетот на една од најатрактивните жени на светот, бидејќи има тело кое се чини дека го извајал лично Господ.

Доказ за тоа се жешките фотографии кои Никол Шерцингер ги објави, а кои го „запалија“ Интернетот.

Никол Шерцингер објави неколку жешки фотографии од одморот на Хаваите на кои ужива со своето момче Том Еванс.

Пејачката  ги воодушеви обожавателите споделувајќи жешки фотографии на својот Инстаграм профил од Хаваи, на кои позира во минијатурно бикини кое едвај ги задржуваше нејзините облини, а кое го направи нејзиниот седум години помлад дечко Том Еванс.

Во оваа прилика Никол по илјадити пат го покажа беспрекорното тело со кое предизвикува восхит, а кое и го донесе ласкавиот прекар на божицата на убавината. Не е ни чудо што следеше море од комплименти: „Изгледаш како Господ лично да те извајал“, „Најубавата жена на планетата“, „Никол, секој пат ме оставаш без здив“, „Ти си совршена“, „Нема подобра од тебе“...



Инаку, Никол ја должи својата совршена фигура на внимателно осмислената рутина за вежбање, а што се однесува до диетата, таа тврди дека јаде се‘, но умерено и со акцент на поздрав вид на храна. Таа исто така се грижи секој нејзин оброк да содржи избалансиран сооднос на масти, јаглени хидрати и протеини. На пример, тост од авокадо со пржени јајца и чаден лосос или здрава овесна каша со шумски бобинки за појадок.

Кога станува збор за вежбање, оваа позната убавица практикува речиси секојдневни патувања во теретана, 20 минути кардио тренинг, планинарење, јога, кревање тегови...



„Го освоив џекпотот“, изјави во едно интервју Том, поранешен рагбист.

Двојката е во врска од 2019 година, а се запознаа на снимањето на шоу за таленти во САД во кое Никол беше член на жирито.

Никол немала многу среќа во љубовта пред рагбистот, во неколку наврати се смирувала и се разделувала со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, но откако го запознала Том - не се разделуваат!


Парот е заедно од крајот на 2019 година, а последната година ја поминаа на плажите ширум светот, а патувањата ги споделуваат и на Инстаграм каде редовно се фалат со извајани и исончани тела.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Профимедиа

Промена за 10-ка: Никол Шерцингер ја скрати долгата црна коса која две децении беше нејзин заштитен знак