Најзгодниот Србин го полуде светот со својот изглед: Девојките „умираат“ по него, а момците од Холивуд не му се ни до колена
Доколку се прашувавте кој е најзгодниот Србин кој го воодушеви светот со својата убавина, го имаме одговорот – Алекса Гавриловиќ!
Младото момче од Нови Сад е вистинска мистерија, додека светот лудува по него. Со причина го нарекуваат Аполон, а светските медиуми пред години го класифицираа како еден од најсексипилните и најзгодните Срби на светот.
Инаку, Алекса работи како модел, има 30 години, а по професија е адвокат. Тој е и горд носител на титулата „Mister Universal Ambassador“ за 2016-та година.
„Најголемата заблуда за машкиот моден свет кај нас е дека сите машки модели се хомосексуалци или феминизирани и токму поради оваа причина размислуваат дали воопшто да се занимаваат со манекенство, за да не се гледаат така“, изјави Алекса во едно интервју за предрасудите за моделите, пренесе „Zaphetna.rs“.
Покрај неговата матична агенција во Србија, Алекса работеше и за многу меѓународни агенции, од Лондон, Барселона, преку Париз, Милано до Копенхаген. Посебно се сеќава на ревиите на брендот D&G.
„Организацијата е секако на високо ниво, но морам да признаам дека во споредба со домашните ревии постојано внимаваат на вашата коса, шминка и секако облеката што ја носите. Вниманието кое им се посветува на моделите за D&G е за восхит“, рече тој.
Да потсетиме, Алекса се појави во спотот на Александра Пријовиќ за песната „Zvuk tišine“, по што стана особено актуелен.
Извор: stil.kurir.rs