Животна училница // Приказни
Накова се разведе и се врати дома: Ми годи што не сум манекенка
- 08 Јуни, 2019
Манекенката Александра Накова веќе не се занимава со шоу-бизнис откако стана мајка на Леа. Накова пред извесен период се раздели од поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев и се врати во својот роден град, Гевгелија.
Манекенката вели дека со поранешниот сопруг останале во добри односи и грижата за ќерката им е поважна од сите несогласувања. „Решивме сѐ што имавме во интерес на ќерката. Ми годи животот во помал град и ми годи што не сум манекенка“, изјави таа.
Накова, која важеше за една од најангажираните модели пред неколку години, вели дека сега и годи мирниот живот во помал град, и за неа нема ништо поважно од грижата за ќерката.