Наместо зголемен број туристи, клуч на врата: Се затвора комплексот „Македонско село“

Добивај вести на Viber

Менаџментот на популарниот комплекс „Македонско село“, преку социјалните мрежи најави затворање на објектот. Причината  не е позната. Зданието распослано на 2.000 метри квадратни во село Нерези во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ официјално ги отвори портите за посетителите во јуни 2016 година.

Автентичните куќи со традиционалната македонска архитектура може да соберат 100 гости кои можеа да уживаат во хотел, ресторани и дополнителни содржини.

Комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Владата вредна 6,5 милиони евра. Изградбата чинеше 5.2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1.3 милиони евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4 200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2 700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Со објектот стопанисуваше Компанијата „Тинекс“ која има дозвола за концесионер во следните 18 години, вкупно 20 почнувајќи од 2016.

Тодоровиќ за етно-селото плаќа концесија од 3 500 евра со ДДВ, за што доби на располагање комплекс од 12 000 квадратни метри, односно ресторан, музеј, амфитеатар, воденица и други објекти.

Надлежните велеа дека ќе се зголеми бројот на туристи кои на едно место да ја видат цела Македонија во мало, нејзината историја, традиција, архитектура, култура и да уживаат во гастрономијата и македонското вино, но дали овие очекувања не се исполнија?