Намирници кои ќе ве спасат од непријатна миризба на телото
Дали понекогаш се чувствувате незгодно поради мирисот на своето тело?
Иако мирисот на телото го одредуваат гените, сепак може да зависи од храната која ја конзумираме. Оваа храна има најголемо влијание на мирисот на телото.
Вода наместо пиво
Питката вода му помага на телото да се ослободи од токсините кои предизвикуваат лош мирис. Иако пивото може да изгледа како добар начин да се опуштите, може да го влоши вашиот мирис поради алкохолот кој ќе испарува од вашите пори.
Јогурт наместо млеко
Активната култура присутна во јогуртот ја намалува количината на компоненти кои предизвикуваат лош мирис.
Покрај тоа, витаминот Д помага во борбата против бактерии во устата, со што се намалува лошиот здив. Млекото од друга страна, содржи холин кој може да предзивика лош мирис.
Лимонов сок наместо вино
Иако многумина уживаат во чаша вино, следниот ден можете да мисирате на алкохол. Подобро е да се пие вода со лимон наместо вино. Лимонот помага во детоксикација на вашето тело додека водата ве ослободува од токсини.
Портокал наместо тиква
Цитрусите имаат прекрасен мирис и лесно се апсорбираат. Па, тие се одличен начин да го подобрите мирисот на своето тело. Тиквата исто така содржи холин кој предизвикува лош мирис.
Чај наместо кафе
Билните чаеви се одличен извор на антиоксиданти. Што помалку токсини во телото, подобро ќе мирисате. Кафето или било кој пијалок со кофеин може да предизвика силен мирис на телото.
Јаболка наместо карфиол
Јаболките се одлични за лош здив. Карфиолот од друга страна, содржи холин кој може да предизвика лош мирис.