Наоми Кембел си фати 16 години помал мултимилионер од Саудиска Арабија: 37-годишното момче ѝ го дава светот на дланка и неразделни се - заедно одат секаде

Добивај вести на Viber

Наоми Кембел (53) наводно е во врска со филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки (37), пренесуваат британските медиуми. Двојката е видена заедно во неколку наврати на различни јавни настани, а најновo беше БАФТА наградите претходно овој месец во Лондон.

Познатaта 53-годишнa манекенка и овој 16 години помлад мултимилионер од Саудиска Арабија заедно позирале пред фотографите на црвениот тепих, а „The Sun“ пишува дека тие останале во друштво цела вечер.

Мохамед и Наоми Кембел се пријатели веќе неколку години, а доказ за тоа е фактот што овој богаташ сподели видео со убавицата на својот Инстаграм профил уште во ноември 2021 година. Веќе во декември истата година заедно се појавија на црвениот тепих на фестивалот во Џеда, држејќи се за рака. Оттогаш, тие се редовни на многу настани, вклучувајќи го и Канскиот филмски фестивал минатата година, Париската модна недела во 2022 и 2023 година и голем број ексклузивни забави, како што е неодамнешниот роденден на Едвард Енинфул.

На специјалната прослава на роденденот на Наоми минатата година во Франција, овој впечатлив Арап седеше веднаш до Наоми.

Но, блиското пријателство изгледа прераснало во љубов, велат добро упатени извори. Имено, двојката неодамна се зближила уште повеќе бидејќи манекенката поминувала многу време на Блискиот Исток, а меѓу нив проработиле „искрите на љубовта“.

„Наоми многу внимателно избира со кого го поминува времето, а вака се зближи со Мухамед. Тие ја делат љубовта кон модата и уметноста и имаат многу заеднички пријатели. Наоми беше во Дубаи со него и изгледа дека никогаш не била посреќна. Тие поминуваат некое време заедно и дефинитивно има искра меѓу нив, дури и ако во овој момент сепак е само пријателство“, вели извор близок до супермоделот.

Да потсетиме, Црниот Пантер со години е сингл, барем за јавноста, па практично од 2022 година нема официјална врска откако се сврши со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе. Пред него, во раните 90-ти, таа имаше неуспешна врска со басистот на U2, Адам Клејтон.

Таа последен пат беше поврзана со раперот Скепта во 2018 година, иако парот не беше премногу транспарентен за нивната романса, а имаше шпекулации дека таа имала афера со Лиам Пејн од One Direction. Во минатото ја поврзуваа и со голем број познати мажи како Џерард Батлер, Мајк Тајсон, Роберт Де Ниро, Диди, рускиот милијардер Владислав Доронин. Но овие гласини не бе аникогаш потвредени, ниту денмантирани од страна на манекенката.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs