НАПРАВЕТЕ САМИ: Три ефикасни пилинзи за раце

Добивај вести на Viber

Покрај негата на кожата на лицето и вратот, неопходно е да посветите време и на кожата на рацете.

На крајот на краиштата, на нашите раце им треба вистински пилинг и хидратација. Барем 1-2 пати неделно, козметичарите препорачуваат специјално чистење на рацете. Клучен пилинг за раце не само што ќе ја отстрани мртвата кожа, туку ќе ја врати цврстината на кожата, мекоста и сјајот.

Ви претставувавме три едноставни пилинзи кои може да си ги правите сами дома.

Хидратантен пилинг со маслиново масло

Измешајте една лажичка шеќер со мала количина маслиново масло. Во смесата додајте 2-3 капки есенцијално масло од каранфил или лимон. Измешајте ги состојките и нанесете на рацете, а после 3-5 минути измијте со топла вода.

Крема и шеќер

Во крема за раце додајте 1 лажичка шеќер и добро измешајте. Потоа применете ја смесата на раце и масирајте 2-3 минути. Потоа измијте со топла вода.

Мед и овесно брашно

Измешајте една лажичка мед со една лажичка овесно брашно и може да додадете една жолчка. Масирајте ги рацете со овој пилинг 3-5 минути , а потоа измијте ги рацете со топла вода и нанесете хидратантна крема.