“Направи нешто убаво”, вработените на УНИБанка предизвикаа насмевки на 8 Mарт

Вработените на УНИБанка АД Скопје денеска го одбележаа Меѓународниот ден на жената - 8 Март подарувајќи им честитки и цвеќе на случајните минувачи од понежниот пол на повеќе локации.

Реализацијата на оваа активност под слоганот “Направи нешто убаво” го разубави денот на многу девојки, жени, што ни претставува особено задоволство. Погледнете дел од атмосферата на линкот.

Овој ден го посветуваме токму на жените, оддавајќи им почит за храброста, упорноста и извонредноста која ја носат во себе.

Во месецот на жената со гордост истакнуваме дека во моментов 75% од вработените во Банката се жени. Во УНИБанка жените се и на многу клучни позиции како што се: Претседател на Управниот одбор, директори на дирекции, раководители и други одговорни лица во Банката.

Среќни сме што сѐ повеќе жени активно се вклучуваат во покомплексните работни процеси,  преземајќи нови чекори за реализирање на нови проекти.

Како Банка продолжуваме да делуваме против родовата стереотипизација и да го поддржуваме женското претприемништво во нашата држава.

Нека е честит 8 Март – Меѓународниот ден на жената!

УНИБанка,

Твојата банка

ПР објава