,

“НАПРАВИ ПАУЗА” - НОВ ИНОВАТИВЕН ПРОИЗВОД ОД СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка ги информира граѓаните дека почнувајќи од 01.06.2018 година воведува нов единствен и иновативен производ на пазарот во Македонија со можност за паузирање на месечните рати од отплатата на кредитот.

„Направи пауза“ e новиот ненаменски потрошувачки кредит за физички лица кој овозможува да го прескокнете отплаќањето на месечните рати, кога Вам ви одговара. Максималниот број на прескокнати рати во текот на отплата на кредитот изнесува три.

Максималниот износ на кредитот е до 300.000,00 денари, со рок на отплата до 48 месеци. Каматната стапка е фиксна во текот на целосната отплата на кредитот и изнесува 6% за клиентите кои ја добиваат платата преку Силк Роуд Банка.

Искористете го промотивниот период до 31.08.2018 година и аплицирајте во најблиската експозитура на банката без трошоци за провизија и надомест за разгледување на барањето.