Напуштила работа поради него: Која е сопругата на Халид Бешлиќ

Еден од најпознатите пејачи на фолк музика во регинот, босанецот Халид Бешлиќ е во среќен брак со сопругата Сејда веќе 41 години. За хрватскиот портал „24 сата“, Бешлиќ го открива рецептот за успешен брак.

„Рецептот за успешен брак би бил: почитување, разбирање и како што велат политичарите, компромис“, се пошегувал Халид. Сејда е со него од почетокот на кариерата и тој вели дека одлично пее севдалинки, но никогаш не размислувале заедно да снимат песна.

Халид Бешлиќ со внуците Ламија и Белмин Кан 

„Сејда пее за своја душа. Кога готви, таа пее“, изјавил Халид. Неговата снаа Махира добила работа во Офенбах, Германија, каде што се пресели со неговиот син Дино и со внуците Ламија и Белмин-Кан. Бешлиќ додава дека поради семејството, сега живее на релација Германија- Босна и Херцеговина. 

Халид и Сејда се 40 години заедно 

Халид и Сејда се во брак 40 години. Како што еднаш изјави, пејачот ја натерал да ја напушти работата во фабриката и да тргне со него. Поради тој предлог, вели дека чувствувал голема одговорност.

Синот и снаата на Халид Бешлиќ со внуците 

Сејда е слична како и Халид, многу е весела. Тоа го покажа пред неколку години на семејниот одмор во Неум, во Босна и Херцеговина, кога заигра оро и го воодушеви целиот град. Халид често вели дека е воодушевен од својата снаа Махира Сврака, која е фармцефт.