Наше новороденче старо 1 ден ја извојува најтешката битка: Браво за докторот и тимот

Добивај вести на Viber

Родителите на ова храбро девојче велат дека не биле подготвени за оваа битка, но верувале во храброста на својата хероина која им дала надеж и верба дека овој голем предизвик успешно ќе го надминат заедно. Тие велат дека брзата интервенција и професионалноста на специјалистот по детска хирургија, доц. д-р Ристо Симеонов, како и докторите и сестрите од Одделот за интензивна нега во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, биле клучни за преживување на малечката хероина.
Времето билo многу важен фактор за состојбата на новороденчето, а детскиот хирург доц. д-р Симеонов ја направи операцијата по само 27 часа од раѓањето.

View this post on Instagram

A post shared by Acibadem Sistina Hospital (@acibademsistina)