Нашиот свет се распадна: Добивме ќерка, а го изгубивме синот

Добивај вести на Viber

- Не сакам никој да мора да помине низ она што ние проаѓаме. Во дел од секундата кога го добивме четвртото дете, бев најсреќната мајка на светот. Истиот тој свет ми се сруши неколку часа подоцна бидејќи ми загина синот- низ солзи раскажува мајката Маринела Север, од Кенѓеловец, населба во Хрватска.

Таа пред неколку дена на свет ја донесе ќерката Елена, а неколку часа подоцна на единствениот 19-годишен син Стјепан му прати фотографија од најмалата сестра. Тој со одговор дека е преслатка, ветил дека попладне ќе дојде со татко му и сестрите да ја види.

- Стјепан секогаш ми се јавуваше. Кога излегуваше од дома или кога тргнуваше накај дома. Знам дека му требаа 20-тина минути за да стигне со моторот до дома, секогаш чекав со нетрпение и страв да ми се јави- раскажува растревожената мајка.

Стјепан никогаш не стигна во посета на својата сестра и мајка, но почина во сообраќајна несреќа, откако со својот мотор удри во камион.


- Светот ми се сруши на безброј парчиња кои тешко ќе се соберат. Животот ми се подели на среќните моменти и на ова сега. Едно со друго не оди- додава мајката.

Сопругот дознал пред неа за трагедијата, а едвај им соопштиле и на постарите ќерки кои постојано го бараат својот брат.

- Тешко е да им се објасни на сестрите дека нивниот брат го нема и дека не може да отидат до ангелите за да го видат. Ја чуваат својата болка и секоја вечер запсиваат во солзи- раскажува мајката и додава дека болката е неправедна и кон Елеена, бидејќи не ги бројат деновите од кога се родила, но од кога починал нејзиниот брат.

- Секој нејзин роденден ќе биде тажен, бидејќи нема да може да се радуваме, а таа не го заслужува тоа- вели неутешната мајка, а таткото додава дека Стјепан бил добро и вредно момче кое многу му помагало на семејството.

Стјепан со свои заработани пари имал договорено да направи тетоважа, но бидејќи не стигнал на закажаниот термин, во негова чест таткото ќе ја направи тетоважата на истото место на ногата каде Стјепан сакал да ја носи.


Извор: www.24sata.hr

Фото: Željko Rukavina/24sata ; Damir Špehar/Pixsell