Наследничката на империјата „Сваровски“ од 16 години е со еден човек: Се омажи за него во венчаница со 500.000 кристали

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Profimedia

Викторија Сваровски, наследничката на империјата „Сваровски“ вредна неколку милијарди долари, неодамна беше фотографирана на плажата во Марбела, додека таа и нејзиниот сопруг Вернер Мерц (43) уживаа во морските радости, но и во страсните допири и размената на нежности .

27-годишната Германка покажа извајано тело во класично црвено бикини, а очигледно е дека страстите меѓу неа и нејзиниот 16-години постар сопруг сè уште не се смирени, иако се заедно повеќе од една деценија. 

Интересно е што Викторија се забавуваше со Вернер, кој инаку беше финансиски способен, уште од тинејџерските денови - односно од 2010 година.

Двојката размени брачни завети во 2017 година на раскошна церемонија во луксузното италијанско одморалиште Портопиколо. Венчавката траеше три дена, а вклучуваше екстравагантни вечери и забави за танцување, како и најскапа храна и пијалоци, и секако - гостите носеа најскапа облека.

Самата Викторија носеше неверојатно гламурозна венчаница вредна милион долари, на која имаше околу 500.000 Сваровски кристали и тежеше приближно 45 килограми! 

Инаку, оваа Германка имаше успешна музичка кариера во тинејџерските и раните 20-ти години, а во 2014 година дури настапи и на Зимските олимписки игри во Сочи, а во 2010 година сними музика за холивудскиот филм „ The Chronicles of Narnia: The Voyage of the Dawn Treader“

Денес, Викторија е посветена на нејзината телевизиска кариера - таа е водителка на натпреварувачкото шоу „Ајде да танцуваме“. Таа е исто така и инфлуенсер - скоро половина милион луѓе ја следат на Инстаграм и соработува со многу познати брендови. 

Можеби и се очекуваше, но оваа дама е и своевидна стилска икона во нејзината родна Германија, но и меѓу добрите познавачи на модата ширум светот. Таа е редовна гостинка на приватни славни забави,и секогаш можеме да ја видиме во првиот ред на Модните недели, и на црвениот тепих на престижните настани.



Фото: Profimedia/ Инстаграм/Victoria Swarovski

Можеби ќе ве интересира:

Зад милионите на најбогатата жена во светот се крие мрачна приказна: Еден маж ја скара наследничката на L’Oréal со мајка ѝ