NASOMATTO BLAMAGE – Мирисот кој нè потсетува дека не треба да се предадеме

Добивај вести на Viber

Кога почнувам да правам нешто, доаѓа момент кога тоа што го правам добива свој карактер, односно прави сопствен избор. Тоа е процесот кој ме интересира и ме води напред. Ми се допаѓа чувството на губење контрола, односно сознанието дека не сум единствениот кој прави нешто. Мојата главна цел е да создадам нешто што ќе има живот и ќе раскажува приказни. 

Сакам моите парфеми да постојат сами за себе. Не да бидат робови само на значењeто кое јас сум го дал. -THE NOSE Nasomatto Blamage Очекувањата кои ги имаме во животот, често пати знаат да нè остават разочарани. Blamage е за неуспехот во животот. Грешките кои ги правиме се врата кон напредокот и успехот. Мирисот нè потсетува на тоа дека не треба да се предадеме, туку да продолжиме напред.

 Неуспехот е главен фактор во креирање на успешно маестрално дело. Капачето на парфемот одговара на карактерот - токму затоа е направено од лешниково дрво. Мирисот го прифаќа неуспехот преминувајќи на жолта обвивка. Неочекувана грешка која отвора врата кон разбирање на недоразбирањата. Додека мирисот и капачето остануваат исти, Blamage оди понатаму со совршено погрешна жолта боја на пакувањето. Како од ведро небо, снемува сино.