Наставничка од Македонија со емотивен статус: Здогледувам мој ученик што загризува сув леб, почна да рони солзи кога му дадов чај

Беспарицата станува се поголем проблем, особено за родители со ниски примања, кои децата ги испраќаат во училиште со многу малку храна, па дури и суво лепче. 

Со ваква непријатна ситуација со соочи една наша учителка која своето искуство го сподели со јавноста, преку свој пост на Фејсбук. Таа директно прашува зошто нема училишниот оброк за сите деца во македонското образование и зошто здравјето на децата не е на прво место во земајва. 

- Голем одмор...Учениците јадат, си разговараат, се смеат наеднаш еден ученик извикува ,,Наставничке види го ....". Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лепчето се рони, одвај го голта од што е суво... Оффф ГОСПОДЕ 

Немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели .... Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата... Седнуваме на парното и му велам ,,Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели" 

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.