Наташа Беквалац „одлепи“ за ова момче: Од вчера тој е мој дечко

Популарната пејачка Наташа Беквалац „полуде“ по славниот шпански актер и sвезда на филмот „Три метри над небото“, Марио Касас.

Наташа и нејзините пријатели очигледно ја гледале серијата „Inocente“, во која Марио игра една од главните улоги, а на пејачката како и на нејзиното друштво очигледно им се допаднал.

- Само да пријавам дека се заљубив во ова момче и дека тој е моето момче од вчера - напиша Наташа, а потоа откри дека нејзините пријатели му пишувале пораки.

- Ти си прекрасно човечко суштество. Јована ми кажа дека имаш девојка, остави ја и биди со нас. Ние сме забавни девојки - тоа е една од пораките што ги добил Марио.

- Послушај ја Татјана! Таа е продуцент и таа е многу паметна. Таа знае што е добро за тебе - е уште една порака што актерот ја добил од пријателите на пејачката.

Инаку, Марио Касас беше омилен кај многу девојки уште од филмот „Три метри над небото“ и веруваме дека Беквалац не е единствената која фрлила поглед на него.

Фото: Инстаграм Наташа Беквалац/принскрин стори

Жените ширум светот лудуваат по него, а тој има очи само за една: Која дама ја љуби најубавиот Шпанец?