Наташа Малинкова направи хрбара промена: Сега има розова коса (ФОТО)

Пејачката Наташа Малинкова направи видлива промена во својот имиџ

Познатата пејачка Наташа Малинкова на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од својот нов имиџ.

Имено таа реши на својата препознатлива руса коса да додаде розови прамени. Оваа промена одлично ѝ прилега.


„Ако се чувствуваш убаво, ќе изгледаш убаво“- напиша таа во описот на фотографиите.



Инаку Наташа е веќе 18 години во брак со сопругот Кире, а за Женски магазин неодамна сподели како секогаш наздравуваат со иста мисла, колку бргу им лета времето и затоа максимално уживаат во заедничките моменти.