Научници со интересен експеримент: Како влијае сексот на активноста на мозокот?!

Добивај вести на Viber

Во текот на исклучително интересен научен експеримент, американските лекари дознале дека возбудната состојба и зголеменото либидо позитивно влијаат на работата на мозокот.

Се покажало дека сексуалното возбудување кај мажите го подобрува протокот на крв не само на „главното место“ туку и дека влијае на општата активност на мозокот. Ситуацијата е исто така слична со возбудените жени - во текот на сексот, централниот нервен систем на жената почнува да работи нормално.

Истовремено, научниците докажале дека во период на сексуална возбуда активноста на мозокот им овозможува на луѓето да го достигнат врвот на менталната активност. Но постојат и одредени ограничувања - сексуален однос во текот или по тежок стрес може да го оштети мозокот и телото во целина со зголемување на нивото на кортизол, т.н. стресен хормон.

Ова посебно е евидентно кај жените - истражувачите во 2010 година заклучиле дека сексот во 33% случаи доведува до уште поголема фрустрација и депресија.