Научно докажано: Овој витамин штити од коронавирус, еве каде најмногу го има
Го намалува
ризикот од инфекција и последиците од вирусот ковид-19, кој зарази повеќе од 33
милиони луѓе ширум светот ...
Витаминот Д може да го намали ризикот од инфекција
и последиците од ковид-19, покажа новата студија во САД.
Научниците ги повикуваат луѓето да земаат додатоци
на витамин Д за да го намалат ризикот од компликации поради инфекција со
коронавирус, пишува „Дејли меил“.
Витаминските таблети се користат во многу земји за
лекување на пациенти заразени со коронавирус, но новото истражување го
поддржува тврдењето дека додатоците на витамин Д и вирусот ковид-19 се
поврзани.
Според новите студии, пациентите со доволно ниво
на витамин Д имаат помала веројатност да доживеат фатални компликации како
резултат на ковид-19.
Исто така, откриено е дека ја намалува стапката на
инфекција.
Истражувачите тврдат дека доволен процент на
витамин Д е поврзан со значително намалено ниво на воспалителни маркери и со зајакнување
на имуните клетки.
Според истражувањето на Медицинскиот факултет на
Универзитетот во Бостон, пациентите постари од 40 години кои имале доволно ниво
на витамин Д имале околу 51 процент помали шанси да умрат од вирусот.
Покрај намалувањето на можноста за инфекција,
пациентите кои земале дневна доза на витамин Д имале помали шанси да имаат
компликации поради инфекцијата.
Научниците, покрај соодветната диета,
препорачуваат како мерка да се обезбеди доволна количина на витамин Д и
изложеност на сончева светлина, што го стимулира производството на тој витамин
преку кожата.
Потребни се само 10 до 15 минути на ден за да се
изложат лицето и подлактиците на сончевите зраци за да се создадат потребните
количини на витамин Д.
Можеби ќе ве интересира:
Секој ден јадете по една рака бадеми: Овие 6 фантастични работи ќе се случат на вашето тело
Пијалок за зајакнување на имунитетот кај деца и возрасни: За заштита од грип и вируси