Навика после туширање која е штетна за твоето генитално здравје

Добивај вести на Viber

Ова е сценарио ѝ е познато на секоја жена: наутро после туширање, излегуваш од туш, се поминуваш со бањарката набрзина за да ја собереш водата од себе и веднаш посегнуваш по својата облека, за да се облечеш што е можно побрзо и за кратко време да излезеш од дома да би го започнала денот.

Но, притоа правиш една грешка, ретроспектива на тоа што се случило: си се облекла пред целосно да се исуши. Тоа ја направило твојата вагина подложна на развивање габична инфекција. И не е ни случајно, што после еден, два дена чувствуваш чешање, печење, црвенило на својата вагина и забележуваш присуство на беличест како сирење вагинален исцедок.

За каква инфекција станува збор и како настанува?

Инфекцијата потекнува од микроорганизам од сопствената флора. Нормално, секоја жена во својата вагина поседува бактерии и габи, кои имаат заштитна улога и се дел од нормалната флора во човечкиот организмот. Една од најпознатите габи во вагиналната флора претставува Candida albicans. Таа се наоѓа во оние регии од делото каде постои постојана влажна средина, а тоа се: вагината и усната празнина.

Во нормални услови таа е безопасна, бидејќи живее со други микроорганизми како Lactobacillus acidophillus, кои „ја држат под контрола“. Но, при промена на условите во вагината, како зголемена влажност и топлина, се создаваат поволни услови за габичката да се размножи, да ги надвладее одбранбените сили на другите“ чувари“ на вагината, ја менува pH на вагината и клинички се јавува вагинална инфекција, Candida vaginitis. Нејзини симптоми се: чешање, печење на вагината, црвенило и оток на изглед и присуство на густ, беличест секрет како сирење.

Зошто се развива?

Идеален медиум за габичките се топла и влажна средина. Па секогаш кога постојат овие услови се создава подлога за таа да се развие. Така во летните месеци постои зачестеност на оваа габична инфекција, бидејќи жените после целодневно пливање останале изложени на постојана влажност на телото и поради високите температури кои предизвикале повторувано потење, вагинална регија не успеала да се одржи сува. Сево ова влијае фаворизирачки да се развие оваа инфекција.

Како да се реагира и како да се превенира?

Габичната инфекција обично не е сериозен проблем, кој често предизвикува компликации, иако постојат ситуации каде е тоа можно. Таа лесно поминува со соодветен третман, но подобро е да се внимава да воопшто да не се ни добие.

Да се навратиме на сценариото каде имаш 0.2 секунди за да се подготвиш за твојот ден. Медицински пожелно е:

  • После туширање да не се облекуваш додека целосно не се исуши. Не е важно дали тоа ќе го направиш со крпа или ќе употребиш фен, но важно е да посветиш неколку минути повеќе од твоето време и да стекнеш навика за оваа рутина, бидејќи игра голем удел во превенција на габичната инфекција, особено ако си повеќе подложна на неа.
  • Исто така битно е да носиш памучна долна облека, бидејќи памукот ја впива влажноста, наспроти синтетика или друг вид материјал кои ја задржуваат влажноста под нив. И долната облека да не биде претесна и да прави иритација на кожата, затоа што и на тоа место и се олеснува патот на габата да навлезе внатре и предизвика локализирана инфекција.
  • После пливање, промени ја облеката на себе колку што е можно побрзо или стави друг, сув костим за капење. На тој начин ќе го одржиш телото суво и ќе го елиминираш ризикот за настанување на габична инфекција.
  • И во летните денови, носи редовно со себе дополнителна долна облека, за да ја промениш откако ќе се испотиш, и секако редовно рехидрирај се, со помош на вода или безшеќерни пијалоци, со тоа ќе ги прочистуваш уринарните патишта и ќе одржиш нормален воден биланс на телото.


За Женски магазин, Христина Алаѓозовска, шеста година студент по општа медицина на Медицинскиот факулет во Скопје