Здравје // Совети
Навики кои ви го саботираат слабеењето
Големи се шансите преку вашите навики за кои не сте ни свесни самите да си го саботирате слабеењето.
Мислите дека диета ќе ви помогне, но вие мора да го смените комплетниот животен стил.
Ја делите храната на „дозволена“ и „недозволена“, но имајте на ум дека еден сладолед нема да ве здебели.
Се плашите дека ќе бидете гладни, но гладот не секогаш е ваш непријател.
Не водите сметка за добриот сон, а добриот сон влијае на изборот на намирници.
Јадете многу брзо, а експерите велат дека е најдобро да јадете полека, и со мали залчиња.
Во продавница одите гладни и без однапред подготвена листа, а со тоа купувате повеќе храна од што ви е потребно.