Навики за убавина и здравје: Ако го започнувате денот вака, вие сте на вистинскиот пат
Ако успеете
да развиете позитивен став наутро, во текот на денот ќе бидете поотпорни на
негативноста на која со сигурност ќе наидете
Велат по утрото денот се познава. Веројатно сте ја
слушнале таа реченица многу пати, но веројатно не сте свесни колку е вистинито.
Ако вашето утро е стресно и исполнето со нездрави
навики, ќе имате лоши денови. Лекарите кои дадоа упатства за подобро утро
предупредуваат за тоа. Ако би ги смениле утринските лоши навики, тогаш би
можеле да уживате во посреќен и поздрав живот.
Земете
длабок здив
По спиењето, просторијата е полна со застоен
воздух, дури и ако вашиот прозорец бил отворен. Веднаш штом ќе станете,
отворете ги сите прозорци во куќата и земете длабок здив и издишувајте 10
минути. Добро е да се потсетите дека сте живи, здрави и среќни.
Појадок
пред кафе
Може да обожавате кафе наутро, можеби сте пушач,
но без оглед, ниту кафе, ниту цигари не треба да се консумираат наутро пред да
ставите нешто во стомакот. Дури и врапчињата на гранките знаат колку е важен
појадокот. Тој е темел за целиот ден.
Истегнување
Телото е малку слабо после спиењето и секое
ненадејно движење може да предизвика проблеми. За да не се случи тоа, после
утринската хигиена, не заборавајте да направите вежби за истегнување. Ако не
знаете како тие се прават, прашајте тренер, или може да погледнете на Интернет.
Физички вежби
По истегнувањето, наградете го вашето тело со
вежбање. Ако ги правите вежбите наутро пред сите обврски да ве притиснат,
завршивте одлична работа. Вежбањето е начин за подобро здравје и виткост. 15
минути е доволно.
Туширање
Ако вашето утро е стресно и исполнето со нездрави
навики, ќе имате лоши денови. По вежбањето, истуширајте се и со топла и ладна
вода. Тоа ќе ја стимулира вашата циркулација, и целосно ќе ве разбуди и ќе ве
наполни со енергија. После тоа, ако сакате, можете да ја третирате кожата со
млеко за тело.
Организација
Луѓето имаат најмногу проблеми наутро поради
лошото управување со времето. Целиот утрински стрес доаѓа од брзање и доцнење.
Ова е нешто што можете да го избегнете ако сте добро организирани. Обидете се
да направите план за утредента ноќта пред да си легнете да спиете.
Се разбира, ќе биде потребно време да се усвојат
нови навики, но не се откажувајте. Овие се навики што ќе ве натераат да се
чувствувате подобро, поактивно, поодморено, поздраво и поубаво.
Фото: Shutterstock