Навираат солзи: Невестата починала неколку часа по венчавката, сопругот ги кажа нејзините последни зборови (ФОТО)
Арик Хачинсон од
Јужна Каролина, чија сопруга почина само неколку часа по венчавката, проговори
за прв пат по трагедијата. Младиот човек со солзи на лицето, прво го опишал
моментот кога се разбудил од кома во која бил со денови по сообраќајната
несреќа што се случи на 28 април.
- Се сеќавам дека се разбудив. Некако беше магливо. Можев да го видам лицето на мајка ми и забележав дека нешто не е во ред. Ја прашав: "Каде е Сем? Каде е Сем?" А потоа ми кажа дека дошло до несреќа – со скршен глас изјавува Хачинсон.
Арик (36) и Саманта (34), се возеле со количка по свадбената прослава на плажата Фоли, кога на нив удрил автомобил кој наводно се движел речиси 60 километри побрзо од дозволената брзина. По ударот тие неколку пати се превртеле.
Невестата, која се уште била во венчаницата, починала на местото на несреќата. Младоженецот бил хоспитализиран со повреда на мозокот и повеќекратни фрактури на коските на лицето и телото. Уште една „жртва“ на сообраќајката била и братучедот на младоженецот Бен Гарет, кој исто така е тешко повреден.
Хачинсон рече дека не се сеќава на моментот на ударот.
- Последно што се сеќавам е дека Саманта рече дека сака ноќта никогаш да не заврши - рече тој низ липање.
25-годишната Џејми Комороски, која возела под дејство на алкохол, добила кривична пријава за три кривични дела со последица смрт.
Хачинсон, кој
моментално се опоравува од последците, емотивно проговори за неговите среќни
спомени од брачната ноќ. Тој се присети на чувството кога бил со семејството и
пријателите кои допатувале од целата земја за да ја прослават свадбата со
неговата Саманта.
- Беше толку среќна - рекол за својата покојна невеста.
Кога го прашале дали има порака за возачот, Хачинсон немал дилеми.
- Таа украде нешто! Таа украде неверојатно човечко суштество - рекол младиот човек
.Хачинсон поднесе кривична пријава против Комороски и неколку барови за кои тврди дека и продавале алкохол ноќта на несреќата, иако таа веќе била видно алкохолизирана.Комороски рече дека пиела пиво и текила пред да седне зад воланот, но токсиколошкиот извештај покажал дека нивото на алкохол во крвта бил три пати повеќе од дозволеното ограничување за возење. За време на нејзиното апсење, таа била мамурна, а на полицијата и рекла дека не направила ништо лошо.
Хачинсон моментално го планира погребот на својата сопруга. Тој се опоравува во нивниот стан.
- Сем остави трага во секој дел од куќата. Убаво е да се биде овде и да имам убави спомени - рекол младиот човек, пишуваат медиумите.
Фото: Facebook